 |
 |
 |
Freight Forwarding
Македонската Меѓународна Асоцијација на Шпедитери ( МИФА) е регистрирана (основана) во 1993 во рамките на Стопанската Комора на Македонија. Асоцијацијата ги обединува Mакедонските шпедитери на волонтерска основа. Главна цел на Асоцијацијата е развој на соработка меѓу членките, координирање на нивните активности и заштита на нивните права и интереси кај релевантните владини органи, како и презентација на нивните активности.
МИФА се уште нема силно влијание кај Владините органи, но со активна комуникација со релевантните Министерства и служби таа напорно се труди да го обезбеди соодветното место и значение кое шпедитерската индустрија го има, како дел од економското општество. |
| |
 |
|