Накратко за MIFA

Македонската асоцијација на мегународни Шпедитери и Логистички оператори (МИФА) е регистрирана во 1993 година во рамките на Стопанска Комора на Македонија. Асоцијацијата ги обединува Шпедитерите и Логистистичките оператори кои овозможуваат Копнен, Авионски, Поморски и комбиниран транспорт како и Царинење и Логистички услуги. Наша мисија е да ги подржуваме членките на МИФА во нивните напори да овозможат највисоко ниво на квалитет и професионална услуга на нивните клиенти.

Главни цели се: Да ги промовира и штити интересите и благосостојбата на сите ангажирани во Шпедитерската и Логистгичка индустрија; Владини институции; Да одржува и овозможува соодветни Тренинг и Едукативни програми; Да постигне стандардизација во Шпедитерската индустрија и да промовира соодветно ниво на професионално однесување на членките, вклучувајѓи етичка и финансиска сигурност.